Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наскоро стигнува нова, развиена верзија на конзолата Xbox One, која моментално носи работно име „Project Scorpio”.
Според информациите од ЈуТјуб на каналот Digital Foundry, може да се заклучи дека се работи за до сега најсилна конзола во историјата на гејмингот, која има подобри технички карактеристики и од конзолата PlayStation 4 Pro.
Scorpio има дури 12GB DDR5 RAM меморија, процесор со осум X86 јадра со работна фреквенција од 2,3 GHz и графичка картица со 40 компјутерски единици на 1172MHz.
Како дел од промоцијата на новата конзола, Мајкрософт за бенчмарк тест перформансите ја употреби играта Forza 6, а Scorpio играта „ја вртеше” во 4К резолуција и 60 fps.
Дали Scorpio ќе биде момент на будење за Xbox останува да се види, но тука и понатаму е проблемот на недостиг на добри и ексклузивни игри, со кои Сони секој месец ги бомбардира фановите и сопствениците на конзолата PS4.