Атрактивен базен од кој ве фаќа вртоглавица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веднаш да кажеме дека ова не е место за оние кои се плашат од височина.

Базенот со застаклено дно на покривот од еден скап станбен блок во Хјустон дури и на фотографијата предизвикува вртоглавица.

Базенот, чиј еден дел е направен од дебел плексиглас, низ кој можете да ги гледате минувачите долу под зградата, се наоѓа на 42. кат и е познат како „Скај пул“ (базен на небото).

Пристап до базенот имаат само станарите на зградата, а тоа можете и Вие да станете доколку изнајмите гарсониера за 1.800 долари месечно или пентхаус за импресивните 19.000 долари месечно.