Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фановите на серијалот „Војна на ѕвездите“ денеска добија вистински подарок, откако во јавност беше пуштена првата официјална најава за новиот филм „Последниот џедај“.
Сепак, овој краток трејлер не покажа многу. Поголемиот дел од прикажаните настани се на планетата, каде што Реј го откри Лук во последниот филм „Силата се буди“. Реј таму поминува некое време тренирајќи, а на крајот на видеото го гледаме Лук со порака „Време е да завршиме со Џедаите“.
Трејлерот ни овозможува и краток поглед на Фин во капсула и По Дамерон како бега од експлозија. Исто така во видеото има ии сцени од две големи битки, една на копно, а друга во вселената.
Од првиот поглед на „Последниот џедај“ може да видиме дека во него ќе има акција слично како и во последниот дел, а може да се заклучи и дека не очекуваат промени во самите темели на приказната.
За тоа како се ќе изгледа и што точно ќе случува, ќе мора да почекаме до 15. декември, за кога е закажана премиерата на овој филм.