Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тетовец бегал од полиција откако полицајците го бркале под сомнение дека носи дрога во платнена торба.
Како што соопшти МВР, во вторникот попладне во Тетово на ул. „Љуботенска“, од страна на полициски службеници од СВР Тетово бил забележан Р.Љ.(43) од Тетово, кој во рацете носел платнена торба.
Поради сомнение дека во торбата носи наркотични средства, полицајците се обиделе да го запрат, а Р.Љ. ја фрлил торбата и почнал да бега.
Бегалецот е совладан и уапсен, а во торбата е пронајдена околу еден килограм непозната растителна материја, обвиткана во најлонска фолија.
По претходно издадена Наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на лицето Р.Љ., но не биле пронајдени сомнителни предмети.
По целосно документирање и расчистување на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај, на ГП „Богородица“ при детална контрола на ТМВ „Сканиа“ со бугарска национална ознака, управувано од Б.Е.К.(48) од Р.Бугарија, од страна на царински службеници откриена е непозната растителна материја околу 300 парчиња од по половина килограм.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.