Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Државниот секретар Рекс Тилерсон, по речиси двочасовната набрзина организирана средба со рускиот претседател Владимир Путин, излезе на прес конференција на која ги изнесе деталјите од разговорите во Москва.
Придружуван од шефот на дипломатијата Сергеј Лавров тој оцени пред новинарите дека односите меѓу САД и Русија се на најниска точка и дека треба да се подобрат.
Постои ниско ниво на доверба меѓу нашите две земји. Две светски нуклеарни сили не можат да имаат вакви односи, рече Тилерсон.
Лавров рече дека ќе бидат именувани специјални пратеници за да разговараат за иритарањата што биле покренати од администрацијата на Барак Обама. И Тилерсон и Лавров како заедничка цел ја навеле победата над ИСИС, а Лавров нагласил исто така дека Путин ќе ја обнови воената жешка линија ако Вашингтон се фокусира на борбата со оваа и другите екстремистички групи.
Прес конференцијата уследи откако Путин и Тилерсон се обидуваа да ги спасат односите меѓу двете најмоќни воени сили во светот, нарушени по американската воена акција во Сирија.Наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД, исто така, лебдеело над првата лице в лице средба меѓу Путин и високиот функционер на администрацијата на Доналд Трамп.