Кој и зошто треба да вежба на празен стомак?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вежбањето на празен стомак долгорочно е добро за здравјето, покажува првата студија која се занимава со тоа прашање.

Експертите велат дека телото после оброците е премногу зафатено со „одговарање“ на внесената храна, за да може да се занимава и со согорување на калориите.

Тоа значи, како што тврдат научниците, дека тренингот после оброк нема да ви помогне да ги симнете масните наслаги, а освен тоа, не е добро ниту за желудникот да вежбате брзо после јадење.

Имено, за време на тренингот после оброк, телото ги користи јаглените хидрати како извор на енергија, а не мастите кои сакате да ги согорите. Од друга страна, експертите веруваат дека најбрзо ќе ги симнете вишоко маснотии ако вежбате на празен стомак, а така најбрзо ќе ги дефинирате и мускулите тврдат тие.

За потребата на ова истражување и изработка на оваа студија, научниците анализирале група дебели мажи, кои еден час шетале на празен стомак, а другата група исто толку време шетала два часа после обилен доручек.

После вежбањето на учесниците од двете групи им биле земани примероци од масното ткиво и примероци до крвта. Се испоставил дека масното ткиво побрзо се троши кај мажите кои тренирале на празен стомак, иако се согорувало и кај оние ои јаделе два часа пред вежбањето.

Но, експертите откриле уште нешто интересно – резултатите од истражувањето не важат за припадниците на двата пола.

Мажите побрзо ги согоруваат мастите ако вежбаат на празен стомак, додека кај жените е спротивен ефектот – препорачливо е да тренираат после оброци.