Изненадување: Баерн носи засилување од Кина!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Баерн веќе почна да се подготвува за следната сезона, а тренерот Карло Анчелоти на списокот за засилувања стави едно добро познато име, а тоа е бразилскиот репрезентативец Паулињо.

Паулињо после неоспешната епизода во Тотенхем се пресели во Кина каде игра за Гвангжу Евергранде и моментално заработува 7 милиони евра годишно.

Паулињо е во најдобрите фудбалски години, а дека е во одлична форма покажа неодамна кога за брзилската репрезентација постина хет-трик.

Германските медиуми тврдат дека претставници на Баерн веќе стапиле во контакт со менаџерот на Бразилецот, кој е спремен повторно да се врати во Европа, а Баерн за него претставува животна шанса.

Анчелоти го сака Паулињо бидејќи е универзалец и може да игра на сите позиции во средниот ред, па одлично би се вклопил заедно со Алкантара и Видал.

Договорот на Паулињо со кинескиот клуб истекува во 2020 година, а Баварците се спремни да платат 20 милиони евра за неговиот потпис.