Крај река во Северна Дакота пронајдено телото на исчезнатиот Македонец Дамјан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Северна Дакота, САД,  властите го пронашле телото на Дамјан Неделковски (35) кој исчезнал лани во ноември.

Телото е пронајдено крај реката Канонбол, во Северна Дакота, објави Редповермедиа. Неделковски живеел во Глендејл. Неговото тело го пронашол локален рибар. Аутопсијата не покажала насилна смрт.

Според податоците од полицијата, на 28 октомври тој бил запрен од сообраќаец во Јужна Дакота заради брзо возење и му кажал дека оди на протест. Возилото кое го изнајмил и со кое патувал кон Северна Дакота е пронајдено на 23 февруари. Полицијата уште тогаш почнала потрага по евентуално удавено лице во близина на кампот, но не било ништо пронајдено.

Шерифот на округот уште изјавил дека некој роднина на Неделковски со сомнева дека го забележал на видео снимка од протестот на 2 февруари, но не е сигурен дека бил тој.

Во рамки на истрагата за смртта на Неделковски, полицијата ја проверува неговата кредитна картичка.

Телото на Неделковски  ќе биде пренесено во Македонија.