Официјално: Аргентинците го отпуштија Бауза!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинската фудбалска федерација утринава му врачи отказ на досегашниот селектор на репрезентацијата, Едгардо Бауза по само 8 натпревари на чело на репрезентацијата.

Со три победи, две реми средби и три порази, Бауза не остави посебен впечаток во јавноста, па поради тоа оваа одлука не е неочекувана.

Одлуката му ја соопштил лично новиот претседател на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија кој неодамна беше избран на оваа позиција.

„Му кажавме на Едгардо дека повеќе не е селектор на репрезентацијата”, откри Тапија.

Фаворит за селекторското место сега е тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли. Преговорите со него се веќе почнати, но запнаа на должината на договорот бидејќи Сампаоли бара петгодишна соработка, односно до Мундијалот во Катар, а од Федерацијата му нудат само на три.