Туристичките убавини на Македонија за прв пат промовирани во соседна Тирана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија викендов за прв пат ја претстави туристичката понуда на Македонија на првиот меѓународен саем за туризам во Тирана.

За време на саемот кој беше во организација на албанската влада, агенцијата ги претстави природата и културата со кои располага Македонија пред 73 излагачи и бројни гости.

Како што е предвиднео, оваа година земјите од Балканот – Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина заедно ќе се престават на саемот за туризам во Јапонија,како една дестинација за Азиските земји, со што се потврдува важноста на регионалната соработката.