Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сестрите близначки Мишела и Маријана постигнаа голем успех на Австралија опен кое најсилното првентсво на Океанија, во кати натпреварите до 21 година се сретнаа во финалето, Мишела беше поуспешна од Маријана, а во сениорска конкуренција Маријана е прва, Мишела трета од 36 натпреварувачки. Мишела (-61 кг) освои сребрен медал и во борби во У-21.
Кај сениорите прв е Мин Дук од Франција, повеќекратен европски шампион и повеќекратен медалист од Светски првенства, а кај сениорките Маријана Димоска со пет победи над шампионките од Австралија, Нов Зеланд.. а Мишела е трета со 4 победи и еден пораз за финале. Близначките на балкански првенства на два пати беа во финале: 2015 година во Дубровник и 2011-тата во Атина, како и финале на Светскиот К-1 Куп во Крф 2013, а сега освоија финале и на Океанија и Австралија.
Првенството го отвори претседателот на Австралискиот олимписки комитет и потпретседател на Меѓународниот олмписки комитет, Џон Коатест.
Додека нивните родители Златко и Елизабета Димоски судеа на ова големо натпреварување. Златко Димоски е ВКФ судија од највисока класа.
Да потсетиме дека пред неколку месеци семејството Димоски замина да живее во Австралија, а ова е прв нивен настап.