Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Затоа и не е чудно што се поголем број на млади девојки започнуваат, најпрво преку Фејсбук, да најдат куќа во Германија, за да заработи леб. Ова се однесува на сите земји од Балканот.
Многу куќните помошнички или градинарите во Германија работат на црно. Само 350.000 од 2.7 до 3 милиони куќни помошнички, дадилки или градинари, колку што се проценува дека ги има во Германија, се социјално осигураним пишува во неодамнешното истражување од Институтот за германска економија, а пренесува Факултети.мк.
Според анкетата, работата на црно во домаќинствата чини од 15 до 20 отсто од вкупниот број на вработени на црно. Во споредба со бројот на работници на црно во градежната индустрија, тоа е многу мал удел.
Тешко е да се каже колку губи државниот буџет за непријавена работа во приватните домаќинства, но се проценува дека е околу 10.92 и 28.6 милијарди евра.
Платите на куќните помошнички достигнуваат до 7.000 евра доколку работат во добро ситуирани домаќинства, додека во поскромните домови е од 3.000 до 5.000 евра.
На црно најмногу работат пензионерите, младите и студентите. Мал број е на оние кои признаваат дека не е во ред да работат на црно. Експертот од Институтот за германска економија, Доминик Енште вели дека главната причина за работа на црно се високите трошоци и законските регулативи.
За многу е поатрактивно ако тоа можат сами да го направат или ако ангажираат некого. Граѓаните ги критикуваат политичарите дека премалку делуваат против работата на црно или нудат доста несигурни работни места, а сметаат дека е нормално тоа што во сопственото домаќинство на куќните помошнички не им плаќаат годишен одмор или боледување во случај на болест, вели Енште.
Обемот на работа на црно во Германија осма година по ред се намалува. На меѓународната листа, Германија се наоѓа во средината. Но, кога ќе се спореди со Америка и Швајцарија, тогаш Германија очигледно е многу попривлечна за работа на црно.
Експертите сметаат дека причина за тоа се голем број законски регулативи меѓу кои спаѓа и минималната плата и заштитата од отказ. Експертите од Институтот за германска економија наведуваат дека голем обем на работата на црно во домаќинствата може да се гледа како еден вид на изедначување на данокот на правдата.
Додека некои богаташи својот имот го носат во Луксембург за да заштедат и да не платат данок, малите луѓе се обидуваат тоа да го направат со работа на црно, истакнуваат експертите.