Протести на војската, полицијата и студентите во Белград


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Преку собирањето на полицискиот и воениот синдикат на Србија, кој протестира поради незадоволителниот материјал статус на вработени во секторот за безбедносните сили и положбата во општеството, започнаа саботните протести пред српската Влада, пренесуваат српските медиуми.

Кон демонстрантите се придружија и граѓаните, како и повеќето млади луѓе кои веќе шести ден протестираат поради незадоволство од победата на премиерот Александар Вучиќ на изборите за претседател на Србија.

Тие бараат смена на членовите на државната изборна комисија, регулаторното тело за електонските медиуми, уредникот на Радио-телевизија Србија, претседателот на Собранието, како и средување на избирачкиот список.

Насобраните носат српски знамиња и транспаренти „Ми го земаа станот и пензијата, што е следно“, „Туѓото не го сакаме, своето не го даваме“, „Против дискриминација“ , „Против диктатурата на капиталот“, „Сакаме да живееме, не да преживуваме“ а се слуша и песната „Системот лаже“.

Синдикатот на војската и полицијата најавија дека во сабота ќе побараат од Владата да го почитува законот за работа и подобрување на состојбата во војската на Србија, која според нивните наводи секој ден ја напуштаат по четири лица.

Овој протест го поддржа и иницијативата „Не ви го даваме Белград“ наведувајќи дека учесниците во протестот се борат против намерата на Владата полицијата и војската да се приватизираат и да се претворат во партиски органи.