Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рекламата на Пепси во која глуми популарната Kendall Jenner за која последниве два дена се напишаа многу текстови кои побрза кој од кој да ја искритикува повеќе.
Дали е ова голема грешка или компанијата ги тестираше границите на провокација и сето ова е добро смислен план? Со сигурност никогаш нема да знаеме. Фактите се дека споменувањето на Пепси на социјалните мрежи во последниве 48 часа е зголемено за 7,000% (според Brandwatch) а рекламата само на официјалниот канал беше прегледана околу 2 милиони пати. Реобјавена е на стотици канали и вебсајтови. Дали секој публицитет е добар? Дефинитивно не.
Критиките за рекламата генерално се вртат околу тоа дека со неа се тривијализираат протестите и активистите (најгласни се од движењето Black Lives Matter кое се бори за права на афро-американците и анти-трамп протестантите). Замерки има и за улогата на една од девојките од кланот Кардашијан/Џенер, Кендал Џенер, која е оценета како несоодветна и неприкладна за потезите кои ги прави во рекламата (дискриминација?!), а кои наликуваат на некои историски моменти од претходни протести. Некако и многу весели се протестантиве и полицајциве. Коментар добија и од ќерката на Мартин Лутер Кинг која иронично изјави дека посакувала барем татко и да ја знаел порано моќта на Пепси.
Од Пепси за мир во светот изјавија: „Пепси се обиде да испрати глобална порака за единство, мир и разум. Очигледно е дека ја згрешивме поентата и се извинуваме за тоа. Не ни беше идејата да ги минимизираме проблемите со кои голем број на луѓе се соочуваат ширум светот. Ја повлекуваме рекламата и прекинуваме со емитување на истата“.
Пепси веројатно сакаа да извадат реклама за која светот ќе зборува. Ја пуштија во етер, го држеа buzz-от доволно долго за да има време сите да ја видат, искоментираат и пренесат и потоа официјално ја повлекоа. Па дури се извинија на Кендал за рекламата (иако, нормално, таа се согласила на рекламата и добила пари за неа). Ова е нова ера на маркетингот, кога брендовите заземаат страна, а рекламите се мешаат со политика.
Ова е реклама која нема да ја заборавите откако ќе ја изгледате, но неа нема да ја заборави ниту адвертјзинг светот бидејќи ќе остави печат на едно време, кој ќе остане силно вмрежан уште многу години. Во секој случај, едно нешто од планот на Пепси е веќе успешено – обединување на интернетот против оваа реклама.