Home Актуелно Осуммина уапсени за терористичкиот атентат во Санкт Петербург

Осуммина уапсени за терористичкиот атентат во Санкт Петербург

Осум луѓе осомничени за вмешаност во нападот во понеделникот во подземната железница во Санкт Петербург, во кој загинаа 13 лица, се уапсени во овој град, но и во Москва, објавија во четврток руските истражни органи.

Шест лица се уапсени во Санкт Петербург, а две во Москва заради вмешаност во атентатот, се наведува во соопштението.

Ова се првите апсења по нападот, а сложената истрага ја изведоа безбедносната служба ФСБ и полицијата.

Истражителите во домовите на уапсените пронашле „експлозивна направа идентична на онаа пронајдена и деактивирана на станицата Востанија на метрото во Санкт Петербург.

Исто така, било пронајдено и огнено оружје и муниција.

Осумте уапсени имаат имиња и презимиња од централна Азија, се вели во соопштението.

Се смета дека самоубиствениот напад го извел Акбардзон Џалилов, роден на југот на Киргистан.

ФСБ објави во четврток наутро дека пиротехничарите деактивирале експлозивна направа пронајдена во една зграда во источниот дел на Санкт Петербург.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…