Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Државната статистика пресмета: индексот на цените на угостителските услуги во март 2017 година, во споредба со претходниот месец е зголемен за 0.1 процент.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0.2 процент и безалкохолни пијалаци за 0.1 процент. Кај алкохолните пијалоци е забележано намалување за 0.4 процент.
Индексот на цените на угостителските услуги во март 2017 година, во однос на лани е зголемен за 0.3 насто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари до март 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3 насто, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0.1 насто.