Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гонзало Игуаин му пресди на својот поранешен тим Наполи и со два гола го однесе Јувентус во финалето на италијанскиот Куп.
Наполи, во полуфиналниот реванш, го победи Јувентус со 3:2, но „старата дама“ ќе игра во финалето бидејќи во првиот натпревар забележа победа 3:1.
Јуве во финалето го однесе Игуаин, кој ги постигна двата гола. Аргентинецот после првиот гол кој го постигна во 32-та минута со прстот покажа кон претседателот Де Лаурентис викајќи на глас:
„Ти си виновен за се!“
Аргентинецот на последните четири натпревари против својот поранешен клуб Наполи, има постигнато исто толку голови.
Јувентус за трофејот во Купот ќе игра против Лацио, а финалето ќе се одигра на 2-ри јуни на „Олимпико“ во Рим.