Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џек Морис и Лорен Бален се запознаа минтата година на Фиџи и оттогаш живеат за каков сите сонуваат. Работата им е да патуваат по светот и да уживаат фотографирајќи се на патувањата и објавувајќи ги фотките на Инстаграм.
Она што многумина ги шокираше е фактот дека за секоја објавена фотографија добиваат неверојатни суми кеш. Џек од објавена фотографија може заработи и до 9.000 долари, а Лорен и до 7.500 долари. Не, не прочитавте погрешно, тие се вистинските суми кои ги земаат по фотографија.
Него на Инстаграм го следат 2 милиони луѓе, додека Лорен ближи до 1,2 милиони следбеници. Пред да почнат да заработуваат преку Инстаграм, 26-годишниот Џек бил чистач на теписи, а сега за живот заработува со промоција.
Нив ги ангажираат туристичките агенции и заедници, хотелите, ресторани и многубројни угостителски и други брендови, а нивно е само да им ги фотографираат производите, услугите и местата за да ги претстават доволно привлечно на своите пријатели. Така ги финансираат и своите патувања ширум светот, но и го одржуваат својот постојан дом во Бали. Џек беше во 45 земји низ цел свет, од кои со Лорен заедно посетија околу 20.
„Работев секој ден од 9 до 17 часот и ја мразев својата работа. Знаев дека морам нешто да сменам, бидејќи врв во животот ми беше опивањето за викенди. Заштедив околу 3.000 фунти и одлучив да тргнам на пат. Имав само 22 години“, признава на својот блог каде одлучи да сподели некои тајни на „занаетот“.
„Секоја фотка ја уредувам во ист стил, поради тоа сите изгледаат по малку слично. Пред да фотографирам нешто, се ободувам да замислам и да испланирам како ќе изгледа тоа на мојот профил, со другите фотографии“, открива Џек и додава: „Ако треба да снимам некоја прометна локација, главно фотографирам околу 13 часот, тогаш има најмалку луѓе“.
За сите оние кои и самите сакаат да се обидат да зарботат на Инстаграм им порачува: „Главно е добро да се забавувате и да ги следите своите страсти. Ако го сакате тоа што го работите, шансите за успех ви се поголеми“.