Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До пред две години за него се пишуваше како најголем талент во Европа, а денес важи за најскапиот играч кој ја грее клупата и тоа во средна екипа од лига која не е меѓу петте најдобри.
Реал Мадрид има историја на лоши трансфери и вложување во играчи кои потоа „пропаѓаат“ по Европа, само затоа што не можат да добијат шанса во „кралскиот“ клуб.
Можеби претпоставувате, станува збор за Мартон Одегард, норвешниот вундеркинд кој моментално како позајмен играч ја грее клупата на холандски Херенверн.
Во својот клуб Стромгосет пружаше одлични партии, стана најмладиот дебитант во норвешката репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти. Во траката за неговиот потпис победи Реал кој го донесе во Мадрид и му даде договор со 3 милиони евра по сезона.
Деталите од неговиот договор никогаш не се откриени, но медиумите тврдат дека станува збор за најплатениот играч под 18 години во светот.
Одегард ираше за Б тимот на Реал каде одигра вкупно 60 натпревари на кои постигна 5 гола. Зидан во 2015 година го унапреди во првиот тим каде одигра само еден официјален натпревар, па клубот одлучи да го испрати на позајмица во Херенверн.
До сега во Холандија одигра само девет натпревари, без значаен учинок, а на последните три меча одигра само четири минути и главно ја грее клупата. И додека овој млади фудбалер е на маргините и во Холандија, фудбалските експерти му се смеат на Реал и не можат да го разберат нивниот потег.
За фудбалер кој е роден 1998 година и кој има само 18 години рако е да се зборува за пропаднат талент. Меѓутоа, она што на младите играчи име најважно се натпреварите, а Одегард во моментов не игра, па со самото тоа и не напредува.
Медиуите тврдат дека следното лето би можело да настане пресврт во неговата кариера. Одегард е голем навивач на Ливерпул и тимот од „Енфилд“ го опишува како „тим од соништата“. Дали Клоп ќе сака да го купи и да му ја оживее кариерата, останува да видиме.