Од денес во оптек нова банкнота: Еве како изгледаат новите 50 евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во 19 земји од евро зоната од денеска во оптек е нова банкнота од 50 евра. Освен поинаков дизајн, таа има и подобра заштита од фалсификат.

Банкнотата која беше претставена вчера на прес конференција во Париз, ќе биде отпечатена во вкупно 6,5 милијарди примероци, од кои една милијарда во Франција, во печатницата Шамалие во близина на Клермон Феран.

Сегашната банкнота од 50 евра, која е најкористената банкнота во евро зоната, а никогаш не била променета од создавањето во 2002 година, постепено ќе се повлекува.

Како и банкнотите од пет, 10 и 20 евра кои беа пуштек во оптек во 2013 година и новата од 50 евра е направена според најновиот модел, со примена на врвни механизми за борба против фалсификат.

Според податоците на Европската централна банка, банкнотата од 50 евра претставува 45 отсто од вкупниот обем на банкноти во евро зоната, но само 30 отсто од нив се користат во Франција, каде семејствата повеќе ги користат оние од 20 евра.

Француската централна банка објави дека еврото е една од најмалку фалсификуваните банкноти во светот, со стапка од фалсификување од 0,003 отсто.

Гувернерот на Централната банка на Франција на прес конференцијата рече дека на банкнотата се користени значајни безбедносни иновации, како што е портретот на принцезата Европа, лик од грчката митологија, кој е уфрлен во провидниот дел на десната страна на банкнотата, на светликавата трака.

Банкнотата има и релјефен печат за оние со слаб вид, а бројот 50 е испишан со смарагднозелена боја во материјал кој ја менува бојата која банкнотата ќе се свитка.