Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вознемирувачката фотографија на која се гледа како крокодил го голта несреќното кученце Расти ја направи неговата сопственичка Мелиса Хортон, која во шок гледаше што се случува пред нејзините очи.
Крокодилот го држи кученцето во своите челусти, додека од водата уште му стрчи надвор едната шепа. Како што пренесува Daily Mail, бизарната случка се случила во гратчето Инисфаил, во австралиски Квинсленд, минатиот викенд, а крокодилот наводно го извлекол кученцето од куќата на сопственикот.
Застапникот на општината Квинсленд, Шејн Нут, смета дека крокодилот треба да биде убиен предупредувајќи ги граѓаните дека следниот пат на местото од кученцето може да се најде некое дете.
„Оваа фотографија е навистина потресна за жителите на оваа област, бидејќи тоа може да биде сечие куче, или уште полошо, дете. Бројот на напади расте, крокодилите се големи и агресивни животни кои ја бранат својата територија и се појавуваат на места на кои никогаш претходно не се појавиле. Луѓето доаѓаат овде да уживаат на сонцето и плажите, но сега можат да се видат само купишта предупредувања за крокодили“, изјави тој за Carinas Post.
Минатиот месец пијан 18-годишен дечко кој скокна во реката за да ја импресионира девојката, одвај спаси глава кога го зграпчи кркокодил, а од друга страна, 35-годишен рибар немаше толку среќа и им подлегна на повредите кои му ги нанесе животното.