Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според соопштението од Министерство за антиквитети, археолозите во Египет откриле остатоци од пирамида стара околу 3.700 години, од 13-тата династија.
Остатоците се откриени северно од „кривата пирамида“ на кралот Снефру, во кралската некропола Дашур, 30 километри јужно од Каиро. Се смета дека оваа пирамида претставува прв обод на старите Египќани да направат пирамида со рамни страни. Тука биле погребувани дворјаните и високите службеници.
Ископувањата се во рана фаза, па големината на пирамидата сѐ уште не е утврдена.
Директорот на службата задолжена за некополата, Адел Окаша изјавил дека пронајдените остатоци припаѓаат на внатрешната структура на пирамидата, меѓу кои се и главниот ходник, како и украсени камени блокови.