Протест против диктатурата: Српските студенти го кренаа гласот против Вучиќ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По победата на Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија, синоќа во Белград околу 10 илјади граѓани излегоа на протест. Протестот насловен Протест против диктатурата почна во 18 часот пред Собранието, кое беше гаѓано со јајца.

Бројот на полицајците се зголеми, но се зголемуваше и бројот на граѓани, главно млади и студентите. Од Собранието, граѓаните тргнаа кон Владата, каде кратко се задржаа.

Главни скандирања на протестот беа: Ги украдовте изборите, Излегувајте надвор и Вучиќ педер, како и имитирање на лаење Ав, ав, односно иницијалите на Александар Вучиќ, кои беа и негов симбол во изборната кампања.