Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Една жена тврди дека за првпат успеала да направи снимка од познатиот уметник Бенкси чиј идентитет сè уште не е познат, а тој со децении успешно се крие од медиумите. Жената успеала да го сними уметникот додека тој ја подготвувал изложбата во Израел, но никој со сигурност не може да каже дека станува збор за Бенкси, пренесува Факултети.мк.
Најпознатиот уличен уметник неодамна во хотел во Витлеем отвори интерактивна изложба, а снимката која го заобиколи интернетот, била направена неколку дена пред отворањето, во шопинг центар во близина на Тел Авив, каде се подготвувал друг уметнички проект. Израелската изложба, наречена „Уметноста на Бенкси“, допрва треба да се отвори.
„Шопинг центарот се отвора во 10 часот наутро, но ако сакате таму да бидете порано, мора да се запишете. Кога дојдов да се запишам, на списокот забележав англиско име. Името ме заинтригира па го прашав чуварот за кого станува збор. Ми рече дека е уметник од Англија“, вели жената која ја направила снимката.
Видеото го снимила со мобилен, а на него се гледа маж со бел шешир како шета низ студиото, а кога ја забележува камерата, ѝ приоѓа, го крие лицето и бара од жената да ја исклучи.
„Мажот на снимката има околу 40 години, вратата беше отворена, а мирисот на боја беше прилично силен. Сигурна сум дека не беше од Израел. Не сум некој голем фан, но веднаш се запрашав дали е тој“, вели таа.
Бенкси е познат по неговите политички пораки кои ги прикажува преку неговата улична уметност. Се смета дека овој графити уметник од Бристол е еден од најплатените уметници, иако неговиот идентитет сè уште не е познат.
Кон крајот на минатата година се појавила вест дека Бенкси би можел всушност да е Роберт „3D“ Дел Наја, еден од основачите на бендот „Massive Attack“ од Бристол, бидејќи се забележало дека делата на уметникот се појавуваат на места каде бендот има концерт. Забележувате некаква сличност меѓу нив?