Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот рапер, текстописец и актер, Камерон Џибрил Томаз, познат под уметничкото име Виз Калифа, ги изнервира и налути Колумбијците откако остави цвеќе и џоинт на гробот од култниот колумбиски наркобос, Пабло Ескобар.
Американскиот рапер играше во престава во Медељин пред да го посети местото каде што е погребан Ескобар.
Фотографијата на која се гледа раперот покрај куп цвеќе на надгробниот споменик објавена на Инстаграм. Градоначалникот на Медељин, Федерико Гутиерез, изјави дека Калифа треба да им се извини за „заговарање злостор“, и дека би треабло да ги обиколи и гробовите од оние кои беа убиени од Ескобар.
„Тоа покажува дека тој тип никогаш не морал да плати за насилството кое го предизвикале овие трговци со дрога“, додаде Гутиерез, нарекувајќи го подлец, пренесува ВВС.