Дизелот поевтинува 1,5 денар, бензините со иста цена


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Малопродажните цени на бензините остануваат исти, додека дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтини 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава по цена од 65 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС 98 по цена од 67 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 50,50 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинствата 39 денари.

Поевтинува и мазутот, така што од ноќеска по полноќ ќе се продава по цена од 25,636 денари за килограм.