Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона Б со 12:0 ги победија и расплакаа противниците од Елденсе, што претставува рекордна победа во третата шпанска лига.
Меѓутоа, после последниот судиски свиреж продолжи агонијата на фудбалерите на Елденсе, бидејќи клубот одлучи дека нема да игра натпревари до крајот на сезоната. После овој пораз клубот секако испаѓа во понизок ранг.
Покрај тоа, клубот основан уште во 1921 година одлучи да се откаже од сите спортски активности и да го раскине договорот со италијанските инвеститори бидејќи се сомнева во местење натпревари.
Луѓето од клубот ангажираа истражители и се обратија за помош до полицијата со цел да откријат дали натпреварот е навистина наместен. Претседателот смета дека е невозможно да се примат 12 гола од Барселона Б бидејќи каталонскиот тим беше без тројцата најдобри фудбалери.