Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Учителката Лидија Фергусон беше суспендирана од работа поради фотографија која ја објави на својот Фејсбук профил.
На фотографијата учителката седи на кревет, облечена во потпетици и кратко фустанче, и го фотографира својот одраз во огледалото. Раководниот персонал во школото во Њупорт, заклучи дека фотографијата е провокативна и непримерна, па учителката беше суспендирана од работното место, пренесува Mail Online.
Учениците застанаа во нејзина одбрана и иницираа петиција за нејзино враќање во школото. „Учителката рече дека не гледа никаков проблем со фотографијата. Само малку ги покажала нозете“, изјави еден ученик, а друг додаде: „Таа е одлична учителка, им помага на учениците со проблемите како врсничко насилство и слични работи“.
„Многу сме вознемирени што е суспендирана, направи многу за нас“, се сложни учениците кои во само 24 часа собраа 240 потписи за враќање на оваа мајка на три деца на работа.
„Отсекогаш сум имала едно правило за објави на Фејсбук, да си замислам дека тоа го гледа мојот покоен дедо, и ако нему му е гадно тоа што го гледа, тогаш не би го објавила“, вели учителката. „Свесни сме за гласините кои кружат за суспензијата, но ништо од тоа не е правно втемелено“, тврдат од школата.