Неверојатно откритие – играњето Тетрис лечи трауми!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Играњето Тетрис во болница само неколку часа по доживеана автомобилска несреќа, може да спречи појава на пострауматично стресно пореметување(ПТСП), покажа новото истражување на шведските и британските научници.

Научниците истражувањето го спровеле врз 71 лице, жртви на автомобилски несреќи додека чекале третман од лекарот на болничкиот оддел на итната медицинска служба.

Од половина пациенти побарале накратко да се потсетат на несреќата, а потоа да почнат да играат Тетрис, една од најпопуларните игри во кои играчот реди блокови во разни бои и облици.

Втората група добила задача да се релаксира со компјутерски игри базирани врз зборови.

Научниците утврдиле дека пациентите кои играле Тетрис доживеале помалку повторени сеќавања или флешбекови. Имено, еден од симптомите на ПТСП е зачестено повторување на мислите поврзани со трауматичното искуство.

Резултатите од истражувањето, објавени во најновниот број на магазинот Molecular Psychiatry покажаа дека играњето Тетрис набрзо по трауматичното искуство го смалува бројот на мислите поврзани со непријатниот настан, оттргнувајќи го вниманието на мозокот од тој настан и го менува начинот на кој тие потресни сеќавања се паметат.

Заклучиле дека играњето на Тетрис е поефикасно во однос на другите водео игри, како оние што се базирани врз тривијалност или јазични вештини. Причина за тоа е што токму Тетрисот ги активира различните подрачја на мозокот.

Утврдено е дека ПТСП, вид на анксиозно пореметување, се развила кај секое четврто лице што доживеало автомобилска несреќа.

Автор на оваа игра е рускиот научник Алексеј Пажитнов, кој работел како програмер во компјутерскиот центар на Советската академија на науките.