Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Благодарение на новите прописи на Управата за храна и лекови, посетителите на ресторани во Америка наскоро ќе знаат колку точно калории има алкохолниот пијалок кој го сакаат.
Од ноември 2016 година американските ресторани ќе бидат задолжени да ги истакнат калориите на алкохолните пијалоци, бидејќи како што сметаат од Управата, алкохолните пијалоци се клучниот фактор кога станува збор за дебеленината на Американците.
Ако не сте знаеле, еве колку калории се наоѓаат во следниве пијалоци…
Пиво (шише) 153 калории
Лајт пиво (шише) 103 калории
Црно вино (чаша) 125 калории
Бело вино (чаша) 121 калории
Шампањ (чаша) 84 калории
Џин, рум, виски, водка, текила (чаша) 97 калории
Мохито (чаша) 143 калории
Маргарита (чаша) 168 калории
Бренди, коњак (чаша) 98 калории