Американците го шокираа Швајнштајгер – не знаеше дали да се смее или да плачe!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер синоќа беше претставен во својот нов клуб Чикаго Фајр и веднаш беше шокиран на првата пресконференција.

Имено, доказ за тоа колку Американците не се разбираат од фудбал беше новинарското прашање дали Чикаго ќе го освои Светското првенство.

Швајнштајгер се зачуди па почна да го прашува тренерот Вељко Пауновиќ дали добро разбрал, а мораа да се вклучат и другите претставници на Чикаго за да ја расчистат дилемата. На крајот, Германецот даде дипломатски одговор дека очекува добри игри и резултати со својот нов клуб.

Швајнштајгер може да дебитира за Чикаго уште во сабота, соопшти тренерот на тимот Вељко Пауновиќ.

„Швајнштајгер е во групата, но не можам да ви кажам отсега дали ќе го пуштам во игра. Ќе видиме“, рече Пауновиќ.