Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аеродромот на португалскиот остров Мадеира од денес го носи името на фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо кој е роден на овој остров.
На островот Мадеира, вчера Португалија одигра контролен натпревар со Шведска и тоа беше прв настап на Роналдо пред локалната публика во родниот град, Фунчал, но за жал неговиот тим загуби иако тој постигна еден гол.
Во Фунчал исто така постои споменик на Кристиано Роналдо, музеј посветен на славниот фудбалер и хотелски комплекс кој го носи неговото име.
Сликата на Роналдо веќе е закачена на фасадата на аеродромот, кој досега го носеше името Мадеира и кој е еден од најветровитите аеродроми во светот.
Фудбалерот на Реал е голем промотор на Мадеира, значајна туристичка дестинација која се наоѓа на 500 километри источно од брегот на Африка, а локалните власти потврдија дека Роналдо денес ќе присуствува на церемонијата.