Шокантно: Боинг со 140 патници се запали и изгоре на писта (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Боинг 737 на авиокомпанијата Peruvian Airlines кој полета од Лима, се запали при принудно слетување на аеродромот во градот Хауха, пренесе во средата RPP. Сите 140 патници и членови на екипажот на авионот веднаш се евакуирани.

Поради пожарот кој настанал на авионот најмалку 29 лица меѓу кои и дете се повредени. Canal N информира дека сите настрадани се транспортирани во болница и според лекарите повредите не се опасни по живот.

На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи. Според податоци на полицијата, причина за инцидентот најверојатно е проблем со шасијата на авионот.