Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувачи од Австралија го пронајдоа најголемиот отпечаток од диносаурус во светот досега, што и дава посебно место на земјата на палеонтолошката мапа, објави „Дојче Веле“.
Отпечатoкoт е oд видот стегосауруси, и е со должина од 1,7 метра. Тоа е всушност само еден од вкупно 21 различен вид отпечатоци, најдени на полуостровот Дампир, што се наоѓа во северозападниот де од Австралија.
„Претходно, за најголем отпечаток од стапало на диносаурус се сметаше оној пронајден во Монголската Пустина лани, којшто беше долг 106 сантиметри“, изјави професорот Стив Салисбери, кој е дел од експедицијата.
Откритието е на научници од универзитетот „Џејмс Кук“ во Квинсленд.