Некогаш велесила, денес просечна: Како пропадна холандската репрезентација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холандија во квалификацискиот натпревар од А групата загуби од Бугарија со 2:0 и сега на „лалињата“ им се заканува пропуштање на второ големо натпреварување. На ЕП 2016 учествуваше „пола Европа“, а многу од репрезентациите поради зголемениот број добија шанса да дебитираат на континенталната смотра.

Меѓутоа во тоа нималку ексклузивно друштво не се најди Холандија, бидејќи зад лидерот во групата Чешка заостануваа девет бода, а зад второпласираниот Исланд цели седум бода, па дуро не беа ни на четвртото место кое го освои Турција.

Последниот дебакл против Бугарија создаде вистинска бура во Холандија. Селекторот доби отказ, а на цела фудбалска Европа и стана јасно дека некогашната фудбалска велесила падна на просечна европска репрезентација.

„Изгубена генерација“ на холандскиот фудбал

33-годишниот Арјен Робен е и понатаму најголема холандска ѕвезда. Во репрезентацијата сеуште е присутен и 32-годишниот Весли Снајдер. На другата страна на теренот шанса доби готово двојно помладиот Матијас де Лигт, 17-годишен дефанзивец кој требаше да го чува двојниот стрелец против Бугарија.

Причина за ваквата генерациска разноликост во Холандија е последица на недостатокот на квалитет. Генерацијата на Робен и Снајдер, која во 2014 година во Бразил зеде бронза, никогаш не доби адекватни замени, па последица се ваквите експерименти.

Нивни наследници требаше да бидат играчите кои во 2007 година го освоија Европското првенство за млади. Предводници на таа генерација беа Ројсон Дренте и Рајан Бабел – првиот е денес во предвремена пензија, а на вториот кариерата му е во пад уште од 2011 година кога го напушти Ливерпул.

Холанѓаните повеќе не успеваат своите таленти да ги претворат во светски ѕвезди. Споменатите двајца се најдобар пример за тоа, а во таа група влегуваат и играчи како Ибрахим Афелај или Елјеро Елија, а на таа врата на „пропаднати“ таленти чука и Мемфис Депај. Дел од проблемот лежи и во нивното рано заминување во странство, но постојат и подлабоки причини кои ги присилија челните луѓе на акција за спас на холандскиот фудбал.

Што се случи со фабриката на таленти која го учеше светот како се игра фудбал?

Готово е неверојатен бројот на големи играчи и тренери кои на светот му го даде оваа држава која има 17 милиони жители. Покрај тоа на светот му дадоа и трајно наследство „тоталниот фудбал“, авангардна и револуционерна филозофија која стана темел на модерниот фудбал.

Таа филозофија подоцна многу ја копираа и надоградуваа, па како и во многу други ситуации учениците ги надминаа професорите. Холандскиот стил е застарен и му треба модернизација, па нацијата која некогаш го учеше светот како се игра фудбал сега треба да се најде во улога на ученик.

„Целиот свет напредуваше во фудбалот, а ние останавме на место. Играта се менува, како и играчите. Се случува еволуција во брзина, позиционирање, играње во повеќе системи. Успешните тимови можат да играат во повеќе системи, мора тоа да го научиме и ние“, изјави претседателот на Холандскиот фудбалски сојуз.

Како професорите станаа ученици
Холандија „застана“ во својата традиционална 4-3-3 формација и промените беа нужни. Се олдучија за целосно реструктуирање на младинскиот сектор слично како што направи Германија пред да стане светски шампион. Меѓутоа, „панцирите“ многу порано од „лалињата“ сватија дека има требаат промени и скоро безболно ја направија транзицијата од стара во нова школа на германскиот фудбал.

„Работите се движеа према подобро, но никој тоа не го приметуваше – или можеби тоа не сакаа да го видат“, изјави легендарниот Денис Бергкамп.