Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пратениците на денешното второ продожение на конститутвината седница, како и вчера, наместо да дискутираат по првата точка за избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, најголемиот дел од дебата го поминаа во дискусија за палтформата на албанските партии и за употребата на законот за јазиците.
Артан Груби од ДУИ рече дека албанската платформа не задира во унитарниот карактер на државата, не предизвикува кантонизација и федерализација и дека ДУИ не се залага за поделба на Македонија.
Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ нагласи дека проблемот е што пратениците не се запознаени со содржината на законот за јазиците.
Пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, пак, истакна дека проблемот во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ било Специјалното јавно обвинителство, а не законот за јазиците.
Проблемот беше продолжувањето на рокот на СЈО за поднесување обвиненија, а тоа го кажаа сите челници на ДУИ. Не беше проблемот ниту законот за јазиците, ниту претседателот на Собранието, рече Адеми, кој ги повика пратениците да изгласаат претседател на Собранието и да не го губат времето.
Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ истакна дека не е правилно да се прескокне третата точка од дневниот ред на седницата, за избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, и да се премине на која било друга.
– Не може никој да ѝ оневозможи на Комисијата за избори и за именувања да предложи кандидат за претседател на Собранието. Поважни се дебатата и аргументите отколку брзањето – рече Милошоски.
Пратеникот Ферид Мухиќ од говорницата им се обрати на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и им рече дека немаат право да кажуваат дека тие го сакаат народот повеќе од другите и дека сите пратеници се избраници на народот.