Денес е фраер, а некогаш беше смотанко зад пултот – за Дејвид Гета ни е муабетот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дејвид Гета го освои светот на електронската музика со хитови како The World Is Mine, Sexy Chick и Titanium, а иако денес неговиот живот се состои од забави со славни фаци, некогаш и тој беше само млад смотанко зад пултот кој сакаше да успее во светот на музиката.

Кариерата ја започна во 1992 година, а работеше по клубови и забави, како и секој млад DJ, настојувајќи да изгради кариера во таа сфера. И успеа во тоа. Десет години подоцна го сними првиот албум, J_ust A Little More Love, а две години подоцна го објави The World Is Mine. Останатото е историја.

Огромен комерцијален успех направи со албумот One Love, а оттогаш нижи само хитови со познати музичари како Ашер, Сиа, Ники Минаж, Снуп Дог и други.