Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатата стара изрека гласи: „Кога си во Рим, однесувај се како Римјанин“. А вистинските Римјани умеат лесно да ги препознаат оние кои не се однесуваат „како Римајни“. Овие пет работи лесно ќе издадат дека некој е турист во „вечниот град“.
1. Кафе за носење
Во Италија не постои такво нешто. Никогаш нема да сретнете Италијанец, кој шета по улица со хартиена чаша кафе во раката. Кафето во Италија се пие во моментот, кога е направено и таму каде што е направено. Исто така, Италијанец никогаш нема да пие кафе со млеко попладне. Капка млеко во вашето експресо по 12 часот лесно ќе ве открие.
2. Облекување „како никој да не ве гледа“
Не треба посебно да се истакнува дека модата е италијанска работа. Затоа, кога сте во посета во Рим, избегнувајтее хавајски кошули, спортски маици, јапонки, како и безбол капи. Иако жителите на Милано се препознатливи по модата, ниту Римјаните не заостануваат, па по ваквата облека е лесно да се препознаат туристите.
3. Одбегнување на „воздушен“ бакнеж
Блиските пријатели, како мажите така и жените се доближуваат образ до образ и си даваат „воздушен“ бакнеж. Доколку некој ви упати ваков знак на внимание, не е пристојно да се одбегнува.
4. Два, три или четири оброци
Иако тоа се смета за нивни обичај, многу Италијанци не јадат четири јадења за еден оброк (антипасто, примо, секондо, долче), па не морате ниту вие. Слободно нарачајте нешто од примо и секондо мениата за ручек и нема да згрешите.
5. Двоумење за време на возење или при преминување улица
Римјаните возат агресивно, но ни пешаците не се однесуваат поинаку во сообраќајот. Само изгледајте доволно уверливо во желбата да ја поминете улицата или никогаш нема да ја поминете. Сообраќајот во Рим многу е хаотичен, возачите ќе свират и викаат по вас, а на вас е само да ги игнорирате, да се трудите да не се нервирате и да продолжите со својот пат.