Ново откритие на научниците: Белите дробови не служат само за дишење


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Научниците открија дека белите дробови не служат само за дишење, а извештајот за нивната помалку позната улога е објавен во списанието Nature.

Експерти од Универзитетот во Калифорнија ги проучувале белите дробови и откриле дека тие произведуваат околу половина тромбоцити, крвни зрнца што се важни за згрутчувањето на крвта.

Долго време се претпоставуваше дека повеќето, ако не и сите тромбоцити се произведуваат во коскената срж, а само еден дел дека се произведува во белите дробови.

Сепак, научниците сфатија дека важноста на белите дробови во производството на тромбоцити е потценета и дури откриле дека тие се „резервоар на хематопотските матични клетки кои доаѓаат на помош кога залихите на тромбоцити во коскената срж се намалени“.

„Ова откритие ни дава многу софистициран увид во овој орган – белите дробови не служат само за дишење, туку учествуваат и во формирањето на клучните компоненти во крвта“, изјави еден од авторите на трудот Марк Луни.

„Она што ние го забележавме кај глувците, најверојатно важи и кај луѓето“.

Ако е точно, истражувачите сметаат дека ќе пронајдат подобар начин на лекување на болестите во крвта, но и зголемување на успешноста на трансплантацијата на белите дробови.