300 милиони фунти тешка инвестиција: Geely отвори фабрика за електрично такси автомобили


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кинескиот производител на автомобили Geely, сопственик на London Taxi Company (LTC), отвори во средата во Британија 300 милиони фунти вредна фабрика за производство на електричната верзија на култното лондонско црно такси, кое ќе вози низ градовите ширум светот.

Погонот во Ковентри во централна Англија има капацитет за производство над 20.000 возила годишно.

Geely го купи LTC пред четири години, откако оваа британска компанија се најде во сериозни финансиски проблеми. Кинеската компанија инаку е сопственик на Волво, чија технологија и компоненти ќе ги користи при производството на новите такси возила.

Во новата фабрика, која е прва што се отвора по повеќе од една деценија, ќе бидат вработени над 1.000 работници.