Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.750 денари и била за 2,2 отсто поголема во споредба со јануари лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Информации и комуникации (9.4 проценти), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6 проценти) и Рударство и вадење на камен (4.2 проценти).
Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2 проценти), Информации и комуникации (13.0 проценти) и Градежништво (11.7 проценти).
Просечната бруто плата, пак, во јануари изнесувала 33.441 денари или за 2,4 отсто поголема од истиот месец минатата година.
Во јануари 2017 година, 1.0 процент од вработените во Република Македонија не примиле плата.