Шокантни тврдења: Дознајте зошто оваа фотка предизвика гнев и револт на интернет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека полицијата го објави името на лондонскиот крвник, на социјалните мрежи се крена прашина и вистинска дебата за една фотографија поврзана со немилиот терористички настан.

Станува збор за фотографија на која се гледа како една муслиманка поминува преку мостот на кој лежат жртвите, гледајќи во мобилниот телефон, а истата предизвика вистински гнев и револт во лавината реакции на социјалните платформи. Додека некои ја напаѓаа дека изгледа индиферентно, други отидоа уште подалеку со муабетите.

Корисник на Твитер под името Texas Lone Star фотографијата ја сподели со своите 44.000 пријатели, а под неа напиша: „Муслиманката не се грижи за терористичкиот напад, мирно си оди покрај човек кој умира, притоа гледајќи во телефонот“.

Неговиот твит многумина го осудија, нарекувајќи го „вистинско чудовиште во случајот“, пренесува Daily Mail.

Многу брзо објавената фотографија беше и зумирана, а од кадарот се гледа лицето од жената кое убаво открива дека далеку од тоа дека и е сеедно од сцената крај која минува. Од друга страна, Texas Lone Star и неговите истомисленици продолжија во сличен тон со осудите.