Уште еден фан на Миленко: Шекил О’Нил тврди дека Земјата е рамна плоча


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шек отсекогаш важел за шегаџија, па многумина уште се надеваат дека и во случајов станува збор само за мајтап. Некогашната ѕвезда на Лејкерси неодамна „откачи“ дека верува оти Земјата е рамна плоча.

На молба беше побарано од него да го прокоментира ставот на Кајри Ирвинг, според кого Земјата не е тркалезна, туку рамна. На општо изненадување на соговорникот на Шек, Џон Кинкејд, О’Нил отворено изјави:

„Вистина е. Земјата е рамна. Земјата и тоа како е рамна“.

Она што го понуди како аргумент е фактот дека кога се возел со автомобил од едниот до другиот брег на САД, не забележал никакво закривување:

„Кога возам од Флорида до Калифорнија, сè е рамно и автомобилот не оди горе-долу. А и таа гравитацијата? Дали некогаш сте ги виделе зградите во Атланта“, рече О’Нил.

Се надеваме и веруваме дека беше саркастичен, бидејќи во спротивно ќе им се придружи на групата познати (но не нужно и едуцирани) личности кои тврдат дека Земјата не е елипсовидна, туку рамна плоча и дека гравитацијата е лага, дека Сонцето се врти околу нас.