Ангеловски и Пандев едногласни: Одиме на победа!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија сеуште е без победа и освоен бод во квалификациската група, но против Лихтенштајн ќе биде фаворот, па капитенот и селекторот едногласно потврдија дека ќе одат на победа.

„Не сакаме да зборуваме за било кој натпревар дека сме фаворити, тоа треба да го покажеме на теренот. Не очекува натпревар кој може да ни донесе многу позитивни работи, да ни ја врати самодовербата и повторно да бидеме во позиција да се бориме за подобро место во квалификациската група. Мораме да направиме сѐ што е во наша моќ за да го победиме Лихтенштајн. Знаеме дека во фудбалот нема лесни противници и лесни натпревари, а единственото важно е да се освојат бодовите. Добро се подготвуваме, ќе влеземе мотивирани и се надевам дека најпосле ќе запишеме победа“, рече Пандев.

„Мене ме радува пристапот на фудбалерите, нивната сериозност и нивната решителност ,зашто и тие се свесни дека е жално да одиграме такви натпревари, а да сме на нула бодови. Се надевам дека после Лихтенштајн ќе се сменат работите, дека ќе продолжиме да играме во ист стил, но таа игра ќе ни носи и победи. Решени сме да ги добиеме тие три бода и таа решителност се гледа во односот на фудбалерите и во хотелот и на тренинзите. Така ќе влеземе и на натпреварот, решително за да дојдеме до победа“, изјави селекторот Ангеловски.