Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид ќе ја нагости Барселона во недела на 23-ти април, а почетокот на најголемото дерби во светот е закажано за 20:45 часот.
Тоа сигурно ќе биде одлучувачки дуел на двата тима кои се борат за шампионската титула, а „кралевите“ моментално имаат два бода повеќе и натпревар помалку.
Доколку до тогаш ниту една од двете екипи не „киксне“ на трите наредни дуели во Примера, тимот на Зидан ќе има шанса да побегне на пет бода предност и практично да ја зацементира шампионската титула.
Од друга страна доколку Барса победи, Реал ќе биде под голем притисок бидејќи ќе заостанува еден бод.
Инетерсно е да се напомене дека „кралевите“ ќе имаат еден ден одмор повеќе од Барселона со оглед на фактот дека мечот се игра во недела кога е на програмата Лигата на шампиони. „Крелевите“ играат во вторникот со Баерн, а Барса во среда против Јувентус.