Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чопор кучиња искасаа четиригодишно дете во кичевското село Бачиште. Според информациите на полицијата, детето во критична состојба вчера било донесено во Ургентниот центар во Скопје.
Инцидентот се случил вчера во 11 и 30 часот кога детето излегло од дома и поминувајќи преку нива се упатило кон соседната куќа.
Додека одело, детето било нападнато до чопор кучиња кои дошле од соседната штала со овци во сопственост на Ш.В. (49) кој кучињата ги чувал пуштени.
По целосно документирање на случајот против сопственикот на кучињата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.