Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мигинго, малиот остров среде езерото Викторија во Кенија, се протега на нешто помалку од 4.000 квадратни метри, а е дом на повеќе од илјада луѓе. Токму тоа го прави најгусто населен остров на светот, пишува Odditycentral.
Иако Мигинго технички се наоѓа на територија на Кенија, оваа земја поради островчето беше во конфликт со Уганда, која тврдеше дека рибарите од островот лова риба во водите на Уганда, на само 500 метри од островот.
Познат и како „најмалата афрканска војна“, конфликтот помеѓу овие две земји својот врв го доживеа во 2008 година, кога Уганда испрати воени сили на Мигинго за да ги евакуираат кениските рибари и да ја преземат контролата врз островот.
Тензиите биле присутни и во годините после тоа, но во 2016 година конечно беше склучен договор. И двете земји ќе ги оданочуваат рибарите кои ловат риба во тие води и со здружени сили ќе се борат против гусарите.
Според последниот официјален попис во 2009 година, популацијата на островот броеше 131 човек, но други релевантни информации тврдат дека во 2015 година таму живееле околу 1.000 луѓе. Интересно е дека покрај островот Мигинго се наоѓа уште еден, поголем и ненаселен остров, кој се вика Угинго. Легендата вели дека тоа е место на демони, така што рибарите стравуваат да го посетуваат тој остров, а не пак да живеат таму со своите семејства.
Иако локалното население од Мигинго ги негираше тие гласини, тие имаат доста практична причина да останат на нивниот помал и пренаселен остров.