Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После неколку одовени успешни филмови, брачниот пар Емили Бланд и Џон Красински конечно ќе глумат заедно во трилерот A Quiet Place.
Приказната за филмот уште не е позната за медиумите, но се знае дека екипата која ќе го работи ја сочинуваат Мајкл Беј со Ендру Форм, Бред Фулер и продукцијата Platinum Dunes. Красински, освен како актер во главната улога, се јавува и како ко-продуцент.
Како што пренесува In Style, Блант веројатно ќе има духовит одговор на улогата на Красински како нејзин нов шеф. Сигурно тоа нема да биде лесно ни за него, со оглед на тоа дека претходно само филмот The Devil Wears Prada, во кој глуми Емили, го има гледано многу пати.
„Еден ден и реков на Емили дека тоа е добар филм, а таа ме праша дали сум го гледал. Реков дека сум го гледал неколку пати, што за неа беше симпатично, па ме праша колку. Тогаш бевме во врска веќе една година, па не ми беше незгодно да кажам дека сум го гледал најмалку 75 пати“, изјави за In Style актерот.
Парот е заедно уште од 2008 година, а врската ја започнаа откако Емили раскина свршувачка со пејачот Мајкл Бабл. Се венчаа во 2010 година во Италија, после нешто повеќе од една година љубовна врска.