Еве зошто би требало да престанете да употребувате гелови за туширање и сапуни


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сапуните и геловите за туширање не се секогаш најдобриот начин за одржување на хигиената, особено кога станува збор за лица со доста осетлива кожа, велат германските дерматолози.

Натриум лаурил сулфат е силен емулгатор кој се наоѓа во геловите за туширање и одмивање, како и сапуните. Но, освен што ја симнува нечистотијата од кожата, ги отстранува и драгоцените заштнитни слоеви од кожата, односно липидите кои ја зацврстуваат кожата и ја чуваат од сушење и оштетување.

Токму поради ова, луѓето со чувствителна кожа треба повремено да се тушираат само со вода.

„Сапунот, колку и да е благ, ја суши кожата, а има и дезинфекциски ефект“, вели германскиот дерматолог Волфганг Кле.

Некои сапуни содржат и исушувачки антибактериски средства како тетрасодиум EDTA (конзерванс и стабилизатор) и триклосан, хемикалија која многу ја суши кожата, а се поврзува и со попречување на ендокриниот систем. Оттука, се препорачува сапуни и геловите за туширање кои содржат природни антибактериски средства, како еукалиптус и чаеви.

Поимот чувствителна кожа е доста широк и понекогаш ни самите експерти не можат веднаш да ја препознаат вистинската причина за појавата на симптоми како црвенило, лупење на кожата, чешање, чувство на затегнатост и слично.

Таквите пациенти најчесто се жалаат на козметички препарати, сапуни, препарати за заштита од сонце, а воопшто не станува збор за алергиска реакција. Оние кои не можат без сапуни и гелови за туширање, нека ја ги одберат оние најблагите и после туширањето на кожата да си нанесат хидратантен крем и лосион, за да го вратат потребното ниво на влажност на истата.