Мурињо: Јас Јуда? Јуда сеуште е број еден!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Жозе Мурињо синоќа за прв пат на „Стенфорд Бриџ“ беше дочекан со свирежи и погрдни зборови од страна на фановите.

Навивачите му го свртеа грбот на својот „миленик“ откако тој летово седна на клупата на големиот ривал, па во текот на натпреварот му извикуваа: „Јуда, Јуда…“

Мурињо на теренот одговори со три кренати прста како показател колку титули освои како менаџер на Челзи, а после натпреварот изјави.

„Можам да ме нарекуваат како што сакаат. Јас сум професионалец. Го бранам мојот клуб. Се додека некој менаџер на Челзи не освои четири титули, јас сум број 1. Кога ќе имаат тренер кој освоил четири титули јас ќе бидам број 2. Но до тогаш, Јуда е број 1”, им порача „Специјалниот“.